ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Тихомир Каранфилов:„Роден во Македонија, место Москополе - natus in Macedonia loco Moszcopolii“ (3)

 Тихомир Каранфилов

1Tihomir Тихомир Каранфилов

Во 17, 18 и 19 век голем број семејства бегајќи од турскиот зулум се иселуваат од Македонија и се населуваат северно од Сава и Дунав. Овие семејства населени на територијата на Хабсзбуршката монархија, претежно се занимаваат со трговија и се стекнуваат со завидно богарство, кое подоцна им овозможува да се стекнат со благородничка титула. Српскиот писател, новинар и генеолог Александар Бачко во својот труд „Белешки за поедини семејства со влашко потекло“ не запознава со дел од влашките семејства со потекло од Македонија кои се населиле во унгарскиот град Сентендре, како и со оние кои се стекнале со благородничка титула. (А. Б. „Белешки за поедини семејства со влашко потекло“, Белград, 2018 година),

Мора да се напомене дека овие семејства, покрај родното место, како земја од каде доаѓаат во дукументите ја наведуваат Македонија. На пример „Роден во Македонија, место Москополе - natus in Macedonia loco Moszcopolii“. Исто така мора да се каже дека овие семејства иако доаѓаат од претежно влашки населени места, тоа незначи дека се Власи, како што незначи дека династијата Џика од Велес има влашко или албанско потекло.

Српскиот писател пишува дека „Голем дел од благородничките семејства со потекло од Македонија, пред да добијат благородничка титула се претопиле во: Унгарци, Романци, Себи или Грци.“ и дека „унгаризацијата на овие семејства воглавно се случило по 1848 година.“

Објаснувајќи како македонските семејства се стекнале со благородничка титула Бачко вели: „За разлика од благородничките српски семејства во Унгарија кои воглавно се стекнуваа со воена благородничка титула, семејствата од Македонија стануваа припадници на овој сталеж како трговци... Пред Темишварскиот собор во 1790 година, станувањето благородник било многу тешко за православните. По Темишварскиот собор многу било олесното добивањето на благородничка титула за православните...“     

За разлика од военото благородништво кое титулите ги носеле по битките кои ги воделе, семејства од Македонија најчесто ги добивале и своите благороднички титули по имотите кои ги поседувале. Така на пример биле Баичи од Варадија, Џика од Дежанфалве, Мочоњи од Фења, Нако од Семиклуш и др. Еве дел од она што ќе забележи српскиот писател за благодорничките семејствата од Македонија:

Бајич од Варадија - Во прашање е македонско семејство со влашко потекло. Јанко Баич имал неколку синови: Тодор, Диму, Лука, Павле и Никола. Од овие браќа семејство се разгранало. Јанко се стекнал со унгарско племство во 1791 година. Петрија - Перка (род. Брусница, 1808 – поч. Неапол, 1871)  ќерка на српскиот крал Милош Обренович, на 24.05.1824 година станала жена на Тодор Баич, познат земунски трговец и пивар. Во 1832 година станал земјопоседник, односно спахија од Варадија (денес во Романскиот дел на Банат, источно од Вршац). По својот посед од 150 сесииим, Бајичи се стекнале со својот предикат. Тодор Бајич се станал австриски благородник во 1857 година. Со својата жена имал четири сина: Лазар, Милош (1822 - 1897), Анастас (Танас) и Јеврем (Ефрем). Милош Баич станал австриски барон во текот на 1881-1882 година. Милош се стекнал и со унгарски баронат во 1891 година. Со орден железна круна II степен го одликувал царот Франц Јозеф. Починал на 31 јули 1897 година. Во 1895 година станал доживотен и наследен член на Горниот дом на унгарскиот парламент. 

Членови на семејство Бајич се јавуваат и презимето Хаџи - Бајич. Јанко Бајич, таткото на Тодор, се доселил од Блаца во Македонија во Сремска Митровица, во текот на 1769 година. Подоцна преминале во Земун. Роксанда, сопругата на Јанко, исто така била од Македонија. Второто презиме на ова семејство по се изгледа било Црвенкови. Семејството го славело Св. Марко.

Со Тодор Баич, зетот на кнез Милош, во блиско сродство бил Гуша Н. Боди (1810 - 1875), еден од најпознатите трговци на тоа време. Исто така Боди бил од влашко потекло од Блаца во  Македонија.  

Думба - Семејството Думба е едно од наистакнатите семејство со потекло од Влашка Блаца во Егејска Македонија. Стерјо Думба (1794 - 1870) бил трговец со памук и кожи кој дошол во Виена на почетокот на 19 век. Набргу станал еден од најголемите трговци со памук и производство на текстил. Неговиот син Никола Думба (1930 – 1900) е еден од водечките членови на ова семејство. Тој е австриски индустријалец и политичар, покровител на уметноста и добротвор. Семјството Думба било едно од најбогатите во Хабзбуршката монархија, а финансиската основа му овозможува да се стекне со титула. Бил прогласен за витез и именуван во законодавната власт. Нековиот син Константон бил австроунгарски амбасадор во Белград и последни амбасадор на својата земја во САД...

Џика од Дежанфалве - Џика (Гика) е презиме на династијата за која се смета дека е од влашко или албанско потекло. Претците на Џика се населиле во Молдавија, на почетокот на 17 век. Оваа династија дала неколку владари на Влашка и Молдавија. Меѓу нив најпознат бил  Георги Џика (1658 владар на Молдавија, а 1660 година господар на Влашко), неговиот син владар на Григорие (владар на Влашко 1661 – 1665 и 1672 - 1675). Григорие II Џика (бил наизменично владар на Молдавија и Влашко, во периодот од 1727 - 1752).  Григорие III (господар на Влашко 1768 и молдавски владар 1774 година). Припадниците на ова династија носеле титули војводи и господари.

Можеби гранка на ова семејство били и влашкото семејство Џика од Дежанфалве кое во 1813 се стекнало со унгарско благородништво. Ифигенија племенита Џика од Дежанфалве (родена 1815 година) била сопруга на Симеон Џ. Сина. Прочуена била палатата на семејството Џика, која се наоѓа во Виена. Оваа гранка на семејството Џика имал еден од најголемите имоти меѓу православните семејства на просторот на Хабсбуршката монархија. Во сопственост на Тодор Џика и неговиот помлад брат бил Дежанфалве (денешен Дежан во романскиот дел на Банат) со 48 3/8 сесие. Секако член на ова семејство бил Јован Џика кој бил во брак со Катарина, ќерка на благородникот Стефан (постариот) Дамаскин од Немет.

Власи со презима Џика, како и со слични презимиња се забележани во неколку населби. Во 1806 година во Мишколц се спомнува Наум Џика. Андрија Џико бил жител на Белград. Семејството му било доселено од Клисура, а неговите членови “тргуваа со цариградска стока“..

Меѓу учесниците на Првото српско востание (1804-1813) биле браќата Велчо и Кузман Џикич. Тие биле со потекло од Маврово. Велчо до Кочина краина бил меанџија на Калемегдан. Се шрославил со одбрана на ровот на Делиград во Првото српско востание. Загинал во 1806 година.

Иконому - Семејството Иконому води потекло од Воден, Егејскиот дел на Македонија. Браќата Димитар и Јован Иконому трговаа во Браила и Трст.  Во 1875 година основаа во Трст голем млин од „светски глас“, покрај кој изградиле неколку фабрики.

Јован Иконому се стекнал со титула барон. Починал во Виена во 1921 година. Неговите синови баронот Димитар и баронот Леонида Иконому, исто така работеле о живееле во Трст...

Калинович од Дојран - Семејството Калинович  има благородничка титула „од Дојран“, што сигурно го има добиено според местото од каде потекнува. Во 1772 година со оваа тутула се стекнал градскиот судија во Темишвар Ѓорѓо Калинич и неговиот брат Јован... 

Мочоњи од Фења - Андрија Мочоњи бил жител на Пешта. кој во 1781 година го купол Фењ во Банат, северно од Модош, денес на територијата на Романија. Браќата Петар, Константин, Јован и Наун Мочоњи се стекнаа со благородничка титула „од Фењ“ во февруари 1783 година. Претците на ова семејство дошле во Австроунгарија од Москополе. Ова семејство било едно од најугледните православни семејства и чиј имот бил еден од најголемите во Унгарија...

Нако од Семиклуш - Семејството Нако било едно од најистакнатите меѓу влашките семејства од Македонија. Се смета дека претците им биле дојдени од околината на Гевгелија помеѓу 1660 и 1690 година. Христофор и Кирил Нако се стекнале со благородничка титула во 1782 или 1784 година. Нивното благородничко име било „од Семиклуш“ бидејќи таа година го купиле Велики Семиклуш, североисточно од Кикинда, и Велика Теремија, источно од Мокрино (и двете населби во романскиот дел на Банат).

Член на ова благородничко семејство Јован Нако, роден 1814 година, ги поседувал населбите: Српски Чанад, Наково, Констанција и Комлош. Тој бил мецена на книжевноста. На својот имот издржувал театар кој имал скапоцена гардероба. На неговиот имот гостувале повеќе театри од Виена и други градови, а преставите биле бесплатни,..“

(продолжува)

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: