ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

За љубовта према светот - Свети Исаак Сирин

04/04/2023

Вистина е она што вели Господ, дека човек со љубов према светот не може да задобие љубов спрема Бога, дека општејќи со светот човек не може да општи со Бога, и дека грижејќи се за светот, не може да се грижи за Бога. Штом заради славољубие го напуштиме Божјото, а често и заради недостиг на она што е потребно за телото, многумина од нас се приклонуваат на другата страна. Некои се согласија да се залагаат за царството небесно, а не сеќавајќи се на ветувањето кое го искажа Господ (Мат. 6, 25-34): „но барајте го најнапред Царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето, на секој ден доволно му е неговото зло.“

Господ се грижи за птиците без душа, ради нас создадени, зар нас ќе нѐ занемари? Тоа е невозможно. Кој се грижи за духовното или за нешто што служи на духовното, телесното му се дава без грижа за тоа колку и кога е потребно. Кој пак се грижи за телесното повеќе отколку што е потребно, тој и против своја волја отпаѓа од Бога. Ако се потрудиме да се грижиме за она што служи во слава на Името Господово, Господ по мерата на нашиот труд ќе се погрижи и за едното и за другото (т.е. и за духовното и за телесното). Меѓутоа, нема ни да се трудиме да го искушуваме Бога  во телесното во замена за нашите душевни дела, туку сите наши дела ќе ги насочиме со надеж во идните блага. Кој што еднаш од љубов према својата душа се предал себе на добродетелите и посакал да ги стекни, тој после тоа нема да се грижи за теленсото, односно, дали има ова или она. Во овој поглед (т.е. телесен), Бог често допушта добродетелните луѓе да бидат искушувани со нешто такво (телесно) и допушта на нив од сите страни да надојдат искушенија: на нив, како на Јов, наведува телесни слабости, ги изложува на сиромаштво, прави луѓето да се откажат од нив,  му нанесува загуби во она што го стекнале (ги лишува од имотот), но не допушта нешто да им наштети на нивните души. Невозможно е одејќи по патот на правдата да не сретнеме страдање, телото да не ни снемогни од болести и страдања, да остане непроменето, ако веќе сме засакале добродетелно да живееме. Ако пак човек води живот по сопствена волја или препуштајќи се на зависта, и губејќи ја својата душа или правејќи нешто друго што му нанесува штета, он живее ради осуда.

А кога ќе тргне по патот на правдата и зачекори кон Бога и кога со него се многумина слични на него, и кога ќе наиде на такво нешто (т.е. жалосно), не му доликува да се оттргни од својата патека, туку должен е тоа да го прифати радосно и без љубопитност, да заблагодари на Бога што му ја испратил таа благодат и што се удостоил ради Бога да падне во искушение, и во страдањата да постане заедничар со пророците, апостолите и другите светители, кои ради тој пат претрпиле страдање. На него ќе дојдат искушенија или од луѓето или од демоните, или од телото, така што тоа би му било поттик за праведност. Невозможно е Бог према оној кој посакал да пребива со Него, да му покаже благонаклонетост на некој друг начин, освен да му испрати искушение ради вистината, бидејќи човекот не може сам по себе, без благодатта Христова, да се удостои на тоа велико дело, т.е. да падне во искушение за овој божествен труд - и да се зарадува.

За тоа сведочи и св Павле, бидејќи толку е големо ова дело, што светиот апостол отворено го нарекува дар, човековата подготвеност да пострада ради надежта во Бога. Апостол Павле вели дека ни е дарувано од Бога не само да веруваме во Него, туку и да страдаме за Него. (Фил. 1,29) Така и св. Петар напиша во своето Послание: „ако страдате ради правда, блажени сте. (1.Пет.3,14), бидејќи сте постанале заедничари на страдањата Христови.“ (в. Фил. 3,10)

Најполсе, не треба да се радуваш кога живееш во раскош, а во страдањата да бидеш со тажно лице, сметајќи ги туѓите патиштата за Божји, зашто неговиот пат од века и од почетокот е поплочен со крст и смрт. Од каде ти е таа помисла, воопшто, (дека страдањата се туѓи на патот Божји)? Оттаму ќе дознаеш дека си излегол од патот Божји и дека се оддалечуваш од него.Сакаш ли да одиш по стапките на светиите, или намислуваш за себеси да изградиш поинаков, посебен пат и по него да чекориш без страдање­­?

Патот Божји е секојдневниот крст.

Никој не се вознел на небото живеејќи лагодно (односно повлекувајќи се во себе самиот). Ние знаеме каде завршува патот на лагодноста. На Бога не Му е угодно да биде безгрижен оној кој Му се предал со сето срце. Он мора да се грижи за вистината. А кога Бог непрестајно му испраќа страдање, по тоа ќе познае дека е под Божја промисла. Промислата никогаш не допушта оние кои живеат во искушенија да паднат во демонските раце, особено ако ги целиваат нозете на браќата, прикривајќи и премолчувајќи ја нивната вина, прифаќајќи ја како да е нивна сопствена. Кој сака во овој свет да нема грижи (т.е. да живее не подвизувајќи се за вистината) и сакајќи го тоа и да се усовршува во добродетелите, тој не е на нејзиниот пат, бидејќи праведните не се подвизуваат во добрите дела само по своја волја, туку и против својата волја, истрајуваат во силна борба со искушенијата за да го проверат своето трпение.

Душата која во себе има страв Божји, не се плаши од ништо што ќе и наштети телесно, бидејќи од сега и во вековите на вековите се надева на Бога. Амин.

 

Превод: Сестринството на Слепченскиот Манастир

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: