ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

„Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, заѓто Он е Избавителот и Спасител на душите наши, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во светата и велика Недела на Пасха).   На 16.04.2023 година, на најторжествениот празник над празниците, Пресветлото Воскресение Христово, во поладневните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба со читање на Евангелието според Јован на повеќе јазици, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо богданоски, Димче Ѓорѓиески и Александар Димоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. На крајот, нашиот Владика и духовен татко Митрополитот Тимотеј, заедно со свештенството, им го честиташе на сите овој спасоносен ден на Пасхата Христова, и на сите верни присутни чеда им подели по едно велигденско црвено јајце.

„Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, заѓто Он е Избавителот и Спасител на душите наши, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во светата и велика Недела на Пасха).

 

На 16.04.2023 година, на најторжествениот празник над празниците, Пресветлото Воскресение Христово, во поладневните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба со читање на Евангелието според Јован на повеќе јазици, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо богданоски, Димче Ѓорѓиески и Александар Димоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. На крајот, нашиот Владика и духовен татко Митрополитот Тимотеј, заедно со свештенството, им го честиташе на сите овој спасоносен ден на Пасхата Христова, и на сите верни присутни чеда им подели по едно велигденско црвено јајце.

 

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: