ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Недела на Самарјанката

На 14.05.2023 год.,  Недела на Самарјанката, Неговото Високопреосвештенство Mитрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола во Куманово. На Литургијата, на Неговото Високопреосвештенство му сослужуваа Намесникот на Кривопаланечкото... Повеќе »
"Недела на Самарјанката"

На 14.05.2023 год.,  Недела на Самарјанката, Неговото Високопреосвештенство Mитрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола во Куманово. На Литургијата, на Неговото Високопреосвештенство му сослужуваа Намесникот на Кривопаланечкото архијерејско намесништво, протојереј-ставрофор Александар Смиљков, протојереј-ставрофор Драги Стојановски, Секретарот на Кумановско-осоговската епархија, протојереј Блаже Цековски и Намесникот на Кумановско-кратовско архијерејско намесништво, протојереј Драган Алексовски.

Со Премудрата Промисла на Бог Седржителот, на Предлог на Неговото Восокопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, арх. бр. 127/23 од 21.04.2023 год., а со Одлука на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, САС бр. 71 од 26.04.2023 год., Намесникот на Кумановско-кратовското архијерејско намесништво, протојереј Драган Алексовски, беше издигнат на највисокиот свештенички степен на служба во Црквата, во чинот протојереj-ставрофор.

На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: