ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

„Премудри Атанасие, со твојот жезол си ги протерал духовните волци од Црквата Христова, и си ја заградил со тврдината на твоите зборови, и на Христа си Му ја претставил непоклатна и непоколеблива. Него моли Го, да се избавиме од неволји ние, коишто твојот сечесен спомен со вера го славиме“ (хвалитна стихира на Утрена на св. Атанасиј Велики).   На 15.05.2023 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот Атанасиј Велики, во ман. „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администартор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

„Премудри Атанасие, со твојот жезол си ги протерал духовните волци од Црквата Христова, и си ја заградил со тврдината на твоите зборови, и на Христа си Му ја претставил непоклатна и непоколеблива. Него моли Го, да се избавиме од неволји ние, коишто твојот сечесен спомен со вера го славиме“ (хвалитна стихира на Утрена на св. Атанасиј Велики).

 

На 15.05.2023 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот Атанасиј Велики, во ман. „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администартор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,

Христос Воскресна!

Во Светото Евангелие според Матеј се објавува зошто на Месијата Му е дадено името Исус, бидејќи Он ќе го спаси Неговиот народ од нивните гревови (Мт. 1, 21). Спасувањето на луѓето од гревовите е најважното дело на Месијата. Гревот е најголемото зло и корен на сите зла во овој свет. Тоа е болест потешка од секоја друга болест, од која Христос спасува, а тоа го прави со Својот пример, и им покажува на луѓето како треба да живеат на земјата. Христос е најсовршен пример на кој можеме да се огледаме, а кој некогаш се појавил во светот и животот. Како олицетворение на најсветол живот, единствено Он можел да каже за Себе: Јас сум патот, вистината и животот (Јн. 14, 6).

Спасителот ги води луѓето во Божјото Царство, како што читаме во Евангелието според Јован: Јас сум вратата; кој ќе влезе преку Мене ќе се спаси (Јн. 10, 9). Оптоварувањето со човечките пороци и гревови ја раѓа бедата за овој свет, толку голема што човекот со сопствените сили не е способен да ја најде вратата преку која се влегува во Царството небесно. Тоа може да се постигне само ако се помине преку вратата која со Својата наука, Своите дела и Својата жртва ја отворил Спасителот, Господ Исус Христос.


Спасителот со целото Свое битие и целата Своја појава ги осветил сите патишта по кои луѓето одат за време на нивниот живот на земјата. Он е Вистина и Светлина која го осветлува секој човек, опфатен од темнината, заблудата, омразата, духовните и телесните пороци. Луѓето во светот се наоѓаат помеѓу темнината и светлината. Секој кој ја сака вистината и правдата ќе тргне по Христовата светлина и само така ќе биде спасен од темнината и мракот, и од секакво зло. Затоа св. ап. Јован вели: Зашто секој, кој прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела, бидејќи се лукави. А оној кој твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени“ (Јн. 3, 20-21). А и зборот Божји вели: Зашто Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното (Мт. 18, 11). Богочовекот е Спасител бидејќи им го покажува патот на покајанието на оние кои се заблудени и кои се изгубени. А човекот е изгубен тогаш кога нема чувство на одговорност за своите постапки, тогаш кога ќе престане да се бои од Бога и да се срами од луѓето. Затоа и Спасителот доаѓа во светот, за да ги спаси оние кои ја изгубиле совеста и одговорноста пред Бога и пред луѓето.


Христос е Спасител бидејќи ги избавува луѓето од гревот, кој води до најголема несреќа во овој свет, а тоа е смртта. Со Својата смрт Он ја победил смртта и со Своето Воскресение му дарувал вечен живот на севкупниот човечки род. Секој човек кој ќе се угледа на животот и делата на Спасителот се здобива со вечен живот. Тоа е нешто највредно што може да се здобие за време на животот на земјата. Христос вели: А оваа е волјата на Оној Кој ме прати: секој кој ќе Го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден (Јн. 6, 40).


Луѓето секогаш грешеле, како што и денеска грешат, и тоа секогаш кога бараат живот во мртви предмети, и сигурност на животот во материјалните нешта од овој свет. И Живиот Бог понекогаш Го бараат во пропадливите споменици на оваа земја. Бараат и живот помеѓу мртвите. Но, и овој празник нѐ потсетува и нѐ учи да ги подигнеме и издигнеме нашите срца и души од овој свет на променливост и трулежност. Нѐ опоменува да побараме живот во Бога, Кој во исто време е и Создател и Извор на животот. Нѐ учи да го бараме примерот на најсовршениот живот во Воскреснатиот Христос, па и ние да живееме вечно во Христа. На тоа нѐ учи и св. Атанасиј Велики, кој заради Црквата и верата поднел многу прогонства и страдања, но ниту од Христа ниту, пак, од вистината се откажал, туку до крајот на својот живот сведочел за вистината и правдата, и ја бранел доктрината на Црквата. Затоа, пак, светата Црква го слави и велича низ сите овие повеќе од седумнаесет векови. Да се угледаме на Божјите угодници, па и ние да го посветиме нашиот живот на правдата, љубовта, доброто и вистината, та да се надеваме на милост Божја за вечен и блажен живот.
Христос Воскресна! Амин.

Св. Атанасиј – Летен
Ман. „Св. атанасиј Велики“ (ман. „Св. Наум Охридски“)
15.05.2023 г.

 

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: