ВЕСНИКАР

МПЦ-ОА - Повардарска Епархија »

  • Свети Наум Охридски

    Објава: 2023-07-03 14:34:10 by: Сард

    Свети Наум Охридски    На денот на кој го чествуваме свети Наум Охридски, во параклисот „Св. Гаврил Велички“ во Велес, се отслужи архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Присутните верници молитвено му се поклонија на големиот македонски светител, а потоа се причестија со Светите Христови дарови. Преподобен Наум Охридски Чудотворец Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Сенароден собир во Скопје

    Објава: 2023-07-03 14:34:10 by: Сард

    Сенароден собир во Скопје   Со благослов на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 29.6.2023 година, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, по завршувањето на Вечерната богослужба и на Молебниот канон кон Пресвета Богородица, се одржа сенароден собир против содржината на Законите за родова еднаквост и за матична евиденција. На овој масовен собир, народот едногласно и категорично се спротивстави на овие закони и на нивното имплементирање. Собирот помина во мирна и достоинствена атмосфера.  ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Трета недела по Педесетница

    Објава: 2023-07-03 14:34:10 by: Сард

    Трета недела по Педесетница    Во третата Недела по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Света Божествена Литургија во Богданци

    Објава: 2023-07-03 14:34:10 by: Сард

    Света Божествена Литургија во Богданци    Во втората Недела по Педесетница, на 18.06.2023 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од гевгелиското архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи света Божествена Литургија во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Источен Петок - Балаклија

    Објава: 2023-04-22 16:39:26 by: Сард

    Источен Петок - Балаклија    Балаклија, односно Источeн Петок е денот што духовно го обединува градот Велес и неговите жители. Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитриј“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола“. Во манастирот „Св. вмч. Димитриј“, во предвечерјето на празникот се отслужи Вечерна Богослужба, а на самиот ден Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Трет ден Велигден

    Објава: 2023-04-22 16:39:26 by: Сард

    Трет ден Велигден    На третиот ден од Воскресението Христово (Светол Вторник), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена Литургија во црквата „Св. Недела“ во Стојаково. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од гевгелиското намесништво, а молитвено присуствуваа голем број на верници, кои се причестија со светите Христови ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Втор ден Велигден

    Објава: 2023-04-22 16:39:26 by: Сард

    Втор ден Велигден    На вториот ден од Воскресението Христово (Светол Понеделник), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата, Митрополитот благослови и го потстрижа во чин чтец Филип Димов од ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Вечерна богослужба - Второ Воскресение

    Објава: 2023-04-22 16:39:26 by: Сард

    Вечерна богослужба - Второ Воскресение    Во светата и велика Недела на Пасха, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, беше отслужена Вечерна богослужба - Второ Христово Воскресение, на која беше прочитано дел од Евангелието на повеќе јазици. На богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.  ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Пуштен во употреба конак за ноќевање во Гевгелија

    Објава: 2023-02-24 19:10:07 by: Сард

    Пуштен во употреба конак за ноќевање во Гевгелија            Повардарската епархија го возобнови и го пушти во употреба црковниот конак - преноќиште во градот Гевгелија, во кој ќе може да престојува секој патник-добронамерник кој за тоа има потреба. Овој објект е всушност поранешната свештеничка (попска) куќа во градот Гевгелија, која по долги години на постепено пропаѓање, со благослов и силна ангажираност на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, внатрешно и надворешно целосно се реновираше. Конакот располага со седум соби и апартмани, со најсовремени услови за престој, а исто така во приземјето е изграден и ресторантски дел со летна тераса. Ваков објект, односно градски црковен конак е прв од ваков вид на територијата на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Недела на Страшниот Суд

    Објава: 2023-02-24 19:10:07 by: Сард

    Недела на Страшниот Суд    Во Неделата на Страшниот Суд, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Седница на Епархискиот управен одбор

    Објава: 2023-02-24 19:10:07 by: Сард

    Седница на Епархискиот управен одбор   На 16.02.2023 година, во седиштето на Повардарската епархија во Велес се одржа редовна седница на Епархискиот управен одбор на Повардарската епархија. Со седницата раководеше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а на истата беа усвоени Завршната сметка на Епархијата за 2022 година, како и Предлог буџетот на Епархијата за 2023 година. На седницата беа дискутирани повеќе тековни теми од црковниот живот во Повардарската ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Сретение Господово

    Објава: 2023-02-24 19:10:07 by: Сард

    Сретение Господово   На празникот Сретение Господово, во манастирот „Свето Вознесение Христово“ во Гевгелија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици од епархијата, отслужи света Божествена Литургија. На овој празник се извршува чин на осветување и благословување на црковните свеќи, па така Митрополитот и свештениците ги осветија и благословија црковните свеќи, а исто така овој чин се изврши во сите архиерејски намесништва на Повардарската ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Насловна

    Објава: 2023-01-20 08:33:47 by: Сард

       Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше положен чесниот и животворен крст во водите.     Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и положувањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто влегуваат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година 72 млади луѓе влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати Игор Василевиќ од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Богојавление - Водици

    Објава: 2023-01-20 08:33:47 by: Сард

    Богојавление - Водици    Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше положен чесниот и животворен крст во водите.     Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и положувањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто влегуваат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година 72 млади луѓе влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати Игор Василевиќ од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Богојавленски водосвет - Водокрст

    Објава: 2023-01-20 08:33:47 by: Сард

      Возљубени, Би сакале да Ве информираме дека по повод чествувањето на Рождеството Христово - Божик, нашата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ повторно и оваа година ќе ја понуди традиционалната Божикна акција со попусти на дел од нашите издадени наслови. Оваа година, со секоја нарачка на книги ќе го добиете и бесплатниот примерок од „Библијата за млади читатели“. Се надеваме дека ова е радосна вест за нашата читателска публика, и дека со неа ќе ја зголемиме радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот. Нарачки: Тел: 043 221 231 Е-пошта: info@povardarska eparhija.org.mk ФБ: https:/www.facebook.com/povardarskaeparhija ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Свети Серафим Саровски

    Објава: 2023-01-20 08:33:47 by: Сард

      Возљубени, Би сакале да Ве информираме дека по повод чествувањето на Рождеството Христово - Божик, нашата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ повторно и оваа година ќе ја понуди традиционалната Божикна акција со попусти на дел од нашите издадени наслови. Оваа година, со секоја нарачка на книги ќе го добиете и бесплатниот примерок од „Библијата за млади читатели“. Се надеваме дека ова е радосна вест за нашата читателска публика, и дека со неа ќе ја зголемиме радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот. Нарачки: Тел: 043 221 231 Е-пошта: info@povardarska eparhija.org.mk ФБ: https:/www.facebook.com/povardarskaeparhija ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Свети Гаврил Велички

    Објава: 2023-01-20 08:33:47 by: Сард

      Возљубени, Би сакале да Ве информираме дека по повод чествувањето на Рождеството Христово - Божик, нашата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ повторно и оваа година ќе ја понуди традиционалната Божикна акција со попусти на дел од нашите издадени наслови. Оваа година, со секоја нарачка на книги ќе го добиете и бесплатниот примерок од „Библијата за млади читатели“. Се надеваме дека ова е радосна вест за нашата читателска публика, и дека со неа ќе ја зголемиме радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот. Нарачки: Тел: 043 221 231 Е-пошта: info@povardarska eparhija.org.mk ФБ: https:/www.facebook.com/povardarskaeparhija ...

    Мислења: 0   Види повеќе...