Оддели - Видеозбирка

Воведен курс во православната христијанска вера „Училиште за Животот“
0
Оддел:
Поставено од Сард  .  20 јули 2016
0 издвоени
1.634 прегледи
0 допаѓања
0 мислења
Основни информации за Воведниот курс „Училиште за Животот":

Воведниот курс „Училиште за Животот" има за цел да ги запознае посетителите со основните вистини на православната (правоверната/ ортодоксна) христијанска вера.

Составен е од 9 предавања и три духовни средби. Предавањата се така концепирани за во нив да може секој да учествува со размислување, став, искуство.

Истите, особено се полезни, за оние кои ги започнуваат своите први чекори во православниот христијански духовен живот, но и за оние кои имаат некакво духовно искуство ама чувствуваат потреба за посериозно запознавање со откровението Божјо запишано во Светите книги на Стариот и Новиот Завет, а и со догматското и духовното предание на Едната, Света, Соборна (Католична), Апостолска Православна Црква.

Курсот го посетува група од најмногу четириесет посетители.
Се внимава групата да не биде поголема за да може да му се посвети внимание на секој посетител.
Исто така се работи и во мали групи -- кои овозможуваат запознавање на посетителите на курсот помеѓу себе.

Предавач и духовен раководител на Воведниот курс „Училиште за Животот" е презвитер Ивица Тодоров

Теми кои се обработуваат на Воведниот курс „Училиште за Животот"

1. Во Кој и Каков Бог веруваат православните (ортодоксните/ правоверните) христијани

2. Бог - Творец на се што постои во сите димензии на постоењето

3. Од каде и што е Доброто и од каде и што е Злото?
------
Духовна средба со повторување на обработените теми. На истата се потикнуваат сите посетители на дискусија, заедничко размислување и дебатирање!
------

4. Промислата Божја за спасение на светот во времето на Стариот Завет

5. ХРИСТОС (Месијата), очекуваниот Спасител, одговор Божји на отпаднатиот свет

6. Искупителната Крсна жртва и Воскресението -- победа над злото, гревот, смртта и сатаната
------
Духовна средба со повторување на обработените теми. На истата се потикнуваат сите посетители на дискусија, заедничко размислување и дебатирање!
------

7. Црквата -- заедница на Новозаветниот народ Божји

8. Светите Тајни на Црквата --
учество во Искупителната Крсна жртва на Месијата во силата на Духот Свети и вовед во процесот на остварувањето на нашето спасение

9. Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век, во Царството Божјо
------
Духовна средба со повторување на обработените теми. На истата се потикнуваат сите посетители на дискусија, заедничко размислување и дебатирање!
------