Оддели - Видеозбирка

„Училиште за Животот“ - Сведоштвото на Вистината, подвиг на одговорност и љубов
0
Оддел:
Поставено од Сард  .  20 јули 2016
0 издвоени
1.528 прегледи
0 допаѓања
0 мислења
„Училиште за Животот“ - емисија за сведоштво на Вистината Христова и за потик да се живее во црковно заедништво

Да се живее во вистината и вредноста на православното христијанство значи Евангелието Христово да се прифати како единствен модел на живеење преку кој во овој свет се стекнува вистински благословен и осмислен живот, а за светот кој доаѓа, за Царството Божјо, се стекнува вечна љубовно - творечка состојба на постоење во вечна заедница со Оној и оние кои се љубов.

Емисијата „Училиште за Животот“ е уште еден плод од подвигот да се сведочи Христовата спасителна вистина во ова и вакво време и во ова и вакво наше македонско општество.
Браќата и сестрите кои чекорат по ПАТОТ до ДОДОМА во рамките на спасоносните недра на М.П.Ц - О.А и преку овој свој духовен плод се трудат од љубов кон Христа да бидат од полза на својата Црква, општество и народ!

Молете се за нас за да принесуваме уште духовни плодови!

Слава на Бога за се!

Ваши во Христа -
Тимот „Училиште за Животот“