Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Mолебен на гробот на Св. Кирил

На 24. 05. 2023 година кога го одбележуваме празникот на Сесловенските просветители и рамноапостоли Св. Кирил и Методиј во базиликата „Сан Клементе“ во Рим се одржа молебен на гробот на Св. Кирил. Молебенот го отслужи Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на Митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф.
На молебенот присуствуваше и висока македонска државна делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Талат Џафери, директорот на Комисијата за верски прашања (КОВРЗГ) г-дин Даријан Сотировски, амбасадорот на РМ во Ватикан г-ѓа Марија Ефремова,пратеници од Македонското собрание.
Овој празник веќе долги години традиционално се одбележува во Рим со присуство на македонска црковно-државна делегација во рамки на манифестацијата ,,Македонија во чест на св. Кирил” востановена уште во далечната 1969 година.
Во рамките на активностите поврзани со одбележувањето на денот на Сесловенските просветители свети Кирил и Методиј, државно-црковната делегација присуствуваше и на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск и на повеќе културни настани и приеми.

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: