†Храм »

Објави од интернет страни на цркви и манастири.
  • Имаш гревови, но имаш и добродетели

    Posted 2023-06-19 15:01:25 by: Сард

    Старец Емилијан СимонопетрискиВо ред, имаш страсти, но имаш и добродетели.Имаш неверие, но имаш и вера.Имаш морална расипаност, но имаш и морални начела.Зошто ова не го земаш предвид?Само на едно да внимаваш, да не станеш мрзливец, и да не се плашиш да ги преземеш своите одговорности. Немој да седиш и да велиш, ја имам оваа или... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Самиот Христос ја служи Литургијата

    Posted 2023-06-18 14:03:41 by: Сард

    Старец Ефрем, дикеј на светорскиот скит на Свети Андреј (Старецот Ефрем, духовно чедо на старец Ефрем Арознски, се упокои на +30.03.2023) Од она што го доживуваме на Божествената Литургија можеме да разбереме какво место ќе имаме во вечноста, за тоа, дали чиниме или не за во рајот! Тоа е една лична средба со Христос очи... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Не е најстрашно да паднеш, туку да останеш долу

    Posted 2023-05-31 17:57:43 by: Сард

    Отец Хараламбос Пападопулос (отец Ливиос) Знам дека често пати се чувствуваш дека не успеваш ништо. Дека пак си паднал во истата страст, истата грешка, во оние кои те прават да се чувствуваш слаб, виновен и непокајан. А си дал ветување пред Бога и пред себе. Си рекол, „никогаш повеќе нема да го направам тоа“. Си... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Зошто воскреснатиот Христос јадеше печена риба и мед?

    Posted 2023-05-25 17:40:22 by: Сард

    Во денешното празнично Евангелие слушаме дека Христос побара и јадеше „парче риба печена и мед со саќе“ (Лука 24,42). Зошто се наведува овој детаљ? Според црковното предание, овој детаљ има многу значајно алегориско значење. Што се однесува до рибата, знаеме дека иако живее среде соленото море, нејзиното тело не е солено, туку слатко. На сличен... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Три работи го менуваат човекот

    Posted 2023-05-11 10:05:04 by: Сард

    (Љубовта, болката и молитвата)Малку добро расположение да има човек и љубовта може да му го промени животот. Може буквално да го преобрази. И од див ѕвер да стане светител. Од волк да стане јагне Божјо.Кога љубовта не е доволна, тогаш доаѓа болката. Таа следи. И функционира како прилика за да го омекне срцето на човекот.... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Товит и Товија

    Posted 2023-05-08 14:20:25 by: Сард

      Свештеник Јани Мулев Во Стариот Завет сретнуваме книга за Товит, во која се работи за татко и син кои имаат слично име, па насловот на книгата се однесува на двајцата, бидејќи и двајцата се автори, и двајцата се херои во книгата. Книгата се спомнува кај древните автори од првите векови: Климент Римски, Учењето на... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Пијан командир, или каде нè водат чувствата

    Posted 2023-05-04 16:52:04 by: Сард

    Михаил Хасминскиј, кризен психолог Неспорно е дека светот без чувства би бил досаден. Луѓето би се претвориле во бесчувствени биороботи, кои кон сè пристапуваат логички. Никој не би можел да сочувствува со другиот, ниту пак да се порадува за него. Луѓето взаемно би дејствувале само по принципот: „Ти мене – јас тебе“, кон изборот на... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Да ја кажувате Исусовата молитва секој ден

    Posted 2023-04-28 15:47:33 by: Сард

    Архимандрит Георгиј Капсанис Колку почесто христијанинот ја кажува умствената Исусова молитва „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот/грешната“, толку повеќе ќе ја прима благодатта на Светиот Дух, мир во душата, просветление во умот и сила за да се успее во секојдневната борба на животот. Оваа молитва не може секој да ја кажува, доколку... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Зошто монасите си заминуваат од манастир?

    Posted 2023-04-24 08:50:40 by: Сард

    Митрополит Димитриј Киријаку Низ црковната историја ја гледаме појавата, монасите да ги прекршат нивните завети и да ја соблечат ангелската схима – да не даде Бог! Ова се случува во секој манастир. Во житијата на светителите ја гледаме оваа духовна трагедија како се одигрува многу пати, дури и во братствата на големи старци, како свети... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • За љубовта према светот - Свети Исаак Сирин

    Posted 2023-04-22 16:39:58 by: Миле Миланоски

    04/04/2023 Вистина е она што вели Господ, дека човек со љубов према светот не може да задобие љубов спрема Бога, дека општејќи со светот човек не може да општи со Бога, и дека грижејќи се за светот, не може да се грижи за Бога. Штом заради славољубие го напуштиме Божјото, а често и заради недостиг на она што е потребно за телото, многумина од нас се приклонуваат на другата страна. Некои се согласија да се залагаат за царството небесно, а не сеќавајќи се на ветувањето кое го искажа Господ (Мат. 6, 25-34): „но барајте го најнапред Царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето, на секој ден доволно му е неговото зло.“ Господ се грижи за птиците без душа, ради нас создадени, зар нас ќе нѐ занемари? Тоа е невозможно. Кој се грижи за духовното или за нешто што служи на духовното, телесното му се дава без грижа за тоа колку и кога е потребно. Кој пак се грижи за телесното повеќе отколку што е потребно, тој и против своја волја отпаѓа од Бога. Ако се потрудиме да се ...

    Comments: 0   View more...

  • Како ќе биде Воскресението?

    Posted 2023-04-16 19:29:56 by: Сард

    Свети Симеон Нов Богослов Впрочем, и да кажеш дека тогаш тело духовно ќе примиш, но како, кога ко во дупка душата таму ќе ти чмае? Чуј, поучи се како ќе биде тоа! Исто ко што семе се сее според род (за пченица, јачмен и слично ти зборам), па пород сетне и си поникнува, така и... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Зошто на Велики Петок поминуваме под гробот Христов?

    Posted 2023-04-14 10:05:51 by: Сард

    Поминувањето под Епитафот (Гробот Христов) е еден многу добар и побожен обичај. Смислата е во следново: „Изразувам најдлабока побожност и вера кон жртвуваниот, постраданиот и погребениот Господ, и се ставам себеси во смирение под Него и под чудесната и божествена власт и благослов Негов“. Истото се случува и со свештениот епитрахил, под кој се наведнувам,... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • По список од правила не можеш да Го спознаеш Бог  

    Posted 2023-03-28 15:46:15 by: Сард

    Продолжение на проповедта „Глад за Бога“ Кога човек ќе посака одново да се изгради себеси, тој допушта една грешка, која ја правеа во минатото дури во богословските кругови и неделните училишта, проповедајќи морализам. Со други зборови, кога некој се доближуваше до црквата тие христијани му велеа: „Внимавај да не правиш лоши дела, не оди на... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Глад за Бога

    Posted 2023-03-27 15:22:55 by: Сард

    Митрополит Атанасиј Лимасолски     „…Зашто тие ќе се наситат“ (Мат. 5,6)     Човекот, кој Го бара Бога и сака да има врска со Него, навистина се наситува од Божјото присуство, како што вели Давид на едно место: „А јас пред лицето твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе се покаже славата... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • За справедливоста

    Posted 2023-03-22 11:51:23 by: Сард

    Иван Илин Од памтивек луѓето зборуваат и пишуваат за справедливоста: можеби, уште оттогаш, кога почнале воопшто да зборуваат и пишуваат… Но до денес ова прашање, очигледно, не е решено, – што е тоа справедливост и како да ја реализираме во животот? Тешко им е на луѓето да се согласат по ова прашање, бидејќи тие чувствуваат... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Кога се појавува депресијата

    Posted 2023-03-15 09:00:54 by: Сард

    Автор: јеромонах Пантелејмон (Шушња) Тој го напуштил светот и се подвизувал во подножието на планината Шурјан во пост и молитва и пребивање во радост со браќата во Христа. Завршил Ликовна академија, иконопис и фотографија, отец Пантелејмон е прекрасен раскажувач со чие слово, натопено со благодат, од душевна криза излегле илјадници млади луѓе. * Никој не... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Три нешта им се потребни на децата

    Posted 2023-02-28 16:39:33 by: Сард

    Елефтериос Елефтеријадис, психолог Присуство, прифаќање и строго раководство. Треба да бидеш таму. Секогаш присутен. Во нивните тешки и лесни моменти. Да почувствуваат дека имаат човек. Дека не се осамени. Да почувствуваат дека припаѓаат некаде. Бараат прифаќање. Некој да направи да се чувствуваат значајно. Некој да им даде вредност. Несигурните деца подоцна стануваат трауматизирани возрасни, или... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • АКАТИСТ на Светиот свештеномаченик Харалампиј

    Posted 2023-02-24 19:11:02 by: Миле Миланоски

    27/03/2023 Кондак 1 - Избран мачениче и Божји угодниче, натопувајќи ја земјата со чесната твоја крв и испросувајќи од Бога плодородна земја, пофалби од длабочината на душата ти возгласуваме со песни. Ти кој имаш голема смелост пред Господа, од сите беди ослободи нѐ, за да ти повикуваме: Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче! Икос 1 - Ангелите на небесата се радуваа на твојот непорочен живот, свештеномачениче Харалампие, зашто следејќи ги светите пророци и апостоли, ги упати луѓето на патот на спасението. Поради тоа ти повикуваме: - Радувај се, голем светилниче на Црквата! - Радувај се, проповедниче на правдата! - Радувај се, учителе на луѓето за вечниот живот! - Радувај се, изобличителе на идолослужењето! - Радувај се, од тебе сатаната се засрами! - Радувај се, со тебе верата Христова се прослави! - Радувај се, со Христовото Име демонската сила се сотре! Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче! Кондак 2 - Гледајќи го твојот ...

    Comments: 0   View more...

  • Житие на праведниот Илија Панагулаки

    Posted 2023-02-22 18:11:23 by: Сард

    (1873-1917) Отец Епифаниј Теодоропулос Праведниот подвижник Илија Панагулаки е роден на 14 јули 1873 година. Никогаш не одел во училиште. Едвај читал и пишувал. Сè до неговата 30 година свирел на инструмент во група и бил сопственик на ресторан во близина на црквата на Свети Никола. Сите неугледни луѓе од градот се собирале во неговиот... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Религиозно писмени, а ја губиме добрината

    Posted 2023-02-09 09:31:59 by: Сард

    Свештеник Александар Овчаренко Многу работи радикално се изменија во нашиот однос кон христијанските вредности, и воопшто, на христијанскиот поглед кон светот и начинот на постоење. Меѓутоа, се забележува дека сето тоа се одигрува на површината на умот, но не и во внатрешноста на срцето. Значи, неспоредливо повеќе знаеме, а неспоредливо помалку дејствуваме. Кога ќе погледнеме... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Ни Бог, ни ѓавол

    Posted 2023-02-01 12:13:20 by: Сард

    (За неутралната религиозност)  Свештеник Јани Мулев Религиозните луѓе кои се поистоветуваат себеси со Православната вера најчесто се делат на две доминантни групи. Првите припаѓаат на компромисната група, тоа се оние кои сакаат да му угодат и на Бог и на ѓаволот, на Бога свеќа, на ѓаволот цигара, ем верници, ем распуштеници, ем со пола град... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Ќе видиш многу нешта, само едно не

    Posted 2023-01-28 09:57:36 by: Сард

    Ќе видиш блудници како стануваат преподобни. Ќе видиш развратни мажи како стануваат јагниња. Ќе видиш скржавци кои го раздаваат сиот свој имот како милостина. Ќе видиш убијци како стануваат монаси. Ќе видиш разбојници кои блескаат како сонцето. Ќе видиш лажговци, крадци, измамници кои стануваат подвижници. Ќе видиш луѓе – мажи и жени – кои извршиле... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • Лични исповеди од свештеничкиот живот

    Posted 2023-01-22 16:15:36 by: Сард

    Отец Спиридон Скутис Ме праша еден човек, што имам доживеано во овие години откако сум свештеник. Едноставно, би сакал да го споделам со вас одговорот што му го дадов. Во основа, видов работи кои не ги очекував. Се збунував, се трогнував и ако даде Бог уште да живеам, веројатно ќе видам уште. Она што го... Continue Reading ...

    Comments: 0   View more...

  • ХРИСТОС СЕ РОДИ!

    Posted 2023-01-20 08:34:23 by: Миле Миланоски

    07/01/2023 Си реков   Изгрева уште една ѕвезда на обоеното небо, здивот ми се зема кога ќе помислам на она кое е поминато.   Се распосла виножито со надеж прошарано во мугри овие, денови со радости несфатени.   Погледнете, апостоли, маченици, преподобни, бесребреници, богоносци, златоустови проповедници, погледнете вие кои заради Христа јуродиви во светот битисувавте.   Погледнете на родот кој патишта прекрсти, себе за достоен се умисли, себе како велик, во метеж се зашемети.   Погледнете и прошка измолете, За неумесности, палавости, лековерности, измолете прошка и за сите свртувања од патот во разни страни.   Дарови човекот преку вас да принесе срце и душа да се залечат од Оној Кој се дарува Себеси, се унижи земајќи нѐ нас за сродници.   Изгрева уште една ѕвезда на обоеното небо, дишење се смири Он се овоплоти, а ние повикавме: ХРИСТОС СЕ РОДИ!   Слепченски Манастир ...

    Comments: 0   View more...

  • Се отпечати фототипно издание на Слепченскиот Поменик од 16 век

    Posted 2023-01-20 08:34:23 by: Миле Миланоски

    31/12/2022      По големата Божја милост, уште еден Слепченски ракопис во фототипно издание се врати во манастирската библиотека, во матичниот манастир каде што беше создаден.     Станува збор за Слепченскиот Поменик од 16 век, кој во 19 век бил распарчен на два дела и оттуѓен од Манастирот, едниот дел од страна на бугарите, и денес се чува во Софија, во Националната библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“ под бр.1015, а другиот дел од ракописот заедно со познатиот патеписец Виктор Григоровиќ во пролетта на 1845 г. отпатувал за Одеса, Украина, и денес се чува под број 1/116 .       Сестринството на Слепченскиот Манастир под раководство на академик Поп-Атанасов, при долго истражување на ракописот, направи аналза на сите личности коишто Манастирот ги спомнувал во 16 век и претходно. Покрај охридските архиепископи, во Поменикот се споменуваат и ктиторите на Манастирот - царот Михаил VIII Палеолог и благоверната царица Теодора. - Од Поменикот беа анализирани и илјадници имиња на монаси и мирјани како и топоними од нивното ...

    Comments: 0   View more...