
Posted
2023-02-24 19:39:58 by: Сард
На 14.02.2023 година, на денот кога го празнуваме споменот на светиот маченик Трифун, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на повеќе свештенослужители, го изврши чинот на Мал водосвет, а потоа, според традицијата, беше закроено и манастирското лозјето. Во својата беседа Митрополитот г. Јосиф меѓу другото истакна: ,,Светата Православна црква, секојдневно прославува по некој Божји угодник. Денес го прославува светиот маченик Трифун. Прославувајќи го денеска овој Божји маченик, нашата света Црква и вера нè поучува и од нас бара да се угледаме на силната и непоколеблива вера, како кај апостолите, така и кај овој Божји маченик. Од нас, ниту Црквата, ниту Господ Христос бара и очекува да бидеме маченици. Тоа не се бара бидејќи никој не нè прогонува и немаме потреба од такви подвизи. Но, не треба да заборавиме дека непријателот на човечката душа постојано нè искушува со разни соблазни и интриги за да нè оддалечи од Бога, од Црквата, од правдата, од вистината, од љубовта, и од сè она што нè води кон зададената цел. А тоа е, спасението на ...
View more...
Login with a social network