БлогМК - Дигитал Аеропагус »

  • Падот на Рим

    Posted 2023-05-29 10:44:13 by: Сард

    Денес се навршуваат 570 години од падот на Градот. На денешен ден 1453 година младиот турски освојувач Махмет влезе во Рим, новиот и последниот. По тридневното пљачкосување тој воспостави нов поредок, со што конечно заврши историскиот пат на римската империја. Но, Рим не заврши само како историска стварност, туку и како мисловна стварност. Ние денес ...

    Comments: 0   View more...

  • „Големи и мали“ – куси размислувања за христијанството и европските вредности

    Posted 2023-05-27 11:02:37 by: Сард

    Изразот „европски вредности“ се користи толку често што веќе почнува да го губи своето значење. Поттикнат од вчерашното интервју за Универзитетското студентско собрание (УСС), ќе наведам еден интересен пример за тоа што означува овој израз, а кој со мене го споделија мојот драг професор Георги Каприев и неговата животна сопатничка проф. Антоанета Дончева. Точно го ...

    Comments: 0   View more...

  • Верата, жените и „родот“ – два актуелни случаја

    Posted 2023-05-16 19:42:51 by: Сард

    Прв случај. Во Србија се отвори дискусија околу воведувањето на таканаречената „родово-сензитивна“ терминологија во српскиот јазик. Што подразбира тоа? Подразбира повеќе нешта. Прво, дека еден куп општи јазични форми кои по правило се во машки род, сега треба задолжително да добијат форми и за женски род. На пример, наместо стандардното „студенти“ ќе треба да стои ...

    Comments: 0   View more...

  • Кој ги воспитува децата?

    Posted 2023-05-04 13:59:35 by: Сард

    Воспитанието и вредностите кај децата не се стекнуваат од учителите и учебниците. Тие доаѓаат прво од семејството, потоа од децата со кои општат и трето од информациската средина во која живеат. Последното е исклучително важно, затоа што тука е коренот на многу проблеми со кои се соочуваме. Тоа може да биде литературата што децата ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Православен ден на жената

    Posted 2023-04-30 18:13:06 by: Сард

    Гледам како по социјалните мрежи денот на жените мироносици се претставува небаре е некаков „православен осми март“. Сепак, би било добро доколку избереме да бидеме малку попретпазливи кога правиме такви и слични паралели. А можеби би било најдобро и воопшто да не ги правиме. Реално, не постои „православен ден на жената“. Обидите да се направат ...

    Comments: 0   View more...

  • За „родот“, еднаквоста и неразбирањето

    Posted 2023-04-19 10:54:22 by: Сард

    Читам „реакции“ и „толкувања“ едно по едно и не ми оди во глава – дали некој воопшто го прочитал Посланието кон кое се реферира? Имам впечаток дека луѓе сами си допишале реченици во него, па сега си „одговараат“ на нив. Немам како поинаку да објаснам како и каде прочитале дека жената „не смее да бара ...

    Comments: 0   View more...

  • Пасха наближува…

    Posted 2023-04-09 15:38:43 by: Сард

    „Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата. А Марија, како зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови, и ги избриша со косата своја нозете Негови; и куќата се исполни со мирис од мирото. Еден од учениците Негови, Јуда Симонов Искариот, кој што подоцна Го предаде, рече…“ (Јован 12,2-4) ...

    Comments: 0   View more...

  • Црквата, „родовата еднаквост“ и општествениот дијалог

    Posted 2023-03-23 10:38:26 by: Сард

    На страницата на здружението „Хера“ на 21.03.2023 беше објавен текст насловен како „Реакција: Црквата подалеку од женските права“. Текстот е потпишан од страна на т.н. „Платформа за родова еднаквост“ и се осврнува на трибината „Зошто НЕ за ‘сексуалното образование’ во училиштата“, организирана од фондација Елеуса и одржана во Струмица четири дена порано. Во спорниот текст, ...

    Comments: 0   View more...

  • Магла

    Posted 2022-12-25 17:54:25 by: Сард

    Магла. Во неа погледот досега до онаа точка во која предметите и луѓето се губат во сивилото. Зад неа се чини дека веќе ништо нема. Маглата необично нѐ ухушкува, ни дава привид на сигурност. Таа ја намалува осветленоста, ги пригушува боите на нештата што ги гледаме. Кога воздухот ќе се разбистри и маглата ќе се ...

    Comments: 0   View more...

  • Против идолите

    Posted 2022-12-16 12:32:48 by: Сард

    Никогаш не сум имал високо мислење за музиката на Мизар. Ни онаа од старите денови во 80-те, ни од средниот период во 2000-те, а особено не од последниов стадиум во кој се наоѓаат сега. Обично сум си заминувал од нивни фестивалски настапи по 2-3 отсвирени песни. Само еднаш кога вокал им беше Горан Трајкоски успеав ...

    Comments: 0   View more...

  • Заштитено: „Cancel“ на НВО-душегрижништвото

    Posted 2022-10-30 17:09:55 by: Сард

    Нема извадок бидејќи ова е заштитен ...

    Comments: 0   View more...

  • Платон ми е помил

    Posted 2022-10-23 19:04:24 by: Сард

    „Вистината ми е мила, ама Платон ми е помил“. Легендата вели дека проф. Ферид Мухиќ во една прилика со овие зборови ја деконструирал славната Аристотелова крилатица пред неговите студенти. Не ми се познати деталите за понатамошниот дискурс на професорот околу ваквиот аланфордовски експеримент, но јас би си дозволил да размислувам во следнава насока: Љубете ги ...

    Comments: 0   View more...

  • Глобалната криза и Царството Божјо

    Posted 2022-10-10 13:21:53 by: Сард

    Мојот коментар од репортажата на новинарот Мартин Богатиновски објавена во порталот Плусинфо на 07.10.2022. П. Како да живееме нормално и да бидеме среќни кога постојано стравуваме од евентуален почеток на Трета светска војна, од експлозија на нуклеарна бомба, од пандемијата на корона вирусот и сл.? Преовладува безнадежност и бесцелност, луѓето стануваат депресивни и анксиозни, исплашени. ...

    Comments: 0   View more...

  • Осми септември 2022

    Posted 2022-09-09 16:29:51 by: Сард

    Кога утрово се освестив по еднодневната треска, се сетив дека вчера се случија три настани кои заслужуваат внимание. Ќе ги спомнам сите заедно во една објава: 1. Во исонот на празникот што вчера го празнувавме ненаметливо но простум стои духовен хабитус напластен низ генерациите. Ова повлекува два заклучоци. Прво, световните празнувања не се само световни, ...

    Comments: 0   View more...

  • Грешките на пописот и верската припадност

    Posted 2022-04-01 11:57:22 by: Сард

    Во текот на изминатово деноноќие прочитав повеќе написи кои се обидуваат да ја оправдаат статистичката грешка при утврдувањето на верската припадност на актуелниот попис. За потсетување, станува збор за 242 579 лица кои се попишани под генеричкото име „христијани“, при што нивната вероисповед останува нејасна. Процентуално, станува збор за неверојатни 13,4% од вкупниот број попишани ...

    Comments: 0   View more...

  • Недела на страшниот суд

    Posted 2022-02-27 17:08:09 by: Сард

    На денешен ден Црквата литургиски си спомнува за последниот Христов Суд. Всушност, оваа недела точно така се именува – Недела на страшниот суд. Ваквото именување на мнозина може да им изгледа необично – зарем зборувањето за „Страшен Суд Господов“ не е нешто што му припаѓа на минатото, на „средниот век“. Всушност, се чини дека некако ...

    Comments: 0   View more...

  • Постмодерната инквизиција

    Posted 2022-01-27 17:34:32 by: Сард

    Ми текнува на дијалогот со една учителка од основно далечната 1989 година. Таа не беше мојата учителка по одделенска настава, туку друга, дојдена да го надгледува часот. Зборувавме за убавината и јас го употребив изразот „убава како ангел“. Тогаш, комунистичката просветна работничка крвнички ме опули низ дебелите старечки цвикери и окезена ме коригира нагласувајќи го ...

    Comments: 0   View more...

  • Верата и обичаите

    Posted 2022-01-06 10:50:31 by: Сард

    Покрај богослужбениот канон кој е општообврзувачки на ниво на целата православна Црква, постојат и обичаи кои не се задолжителни, но се практикуваат меѓу православните христијани. Овие обичаи може да се поделат на три групи: 1. Црковни литургиски обичаи. Произлегуваат од празникот, символички укажуваат на него и свештенството учествува во нивното извршување. Имаат локален или регионален ...

    Comments: 0   View more...

  • Што славиме денес?

    Posted 2022-01-01 18:56:05 by: Сард

    Што славиме и што си честитаме денес? Тоа ли што влегуваме во третата пандемиска година и што за тоа време се разделивме од толку многу сакани луѓе? Тоа ли што давачките растат, стандардот опаѓа, а сеопштата апатија и безволност царуваат? Тоа ли што на глобално ниво владее крајна неизвесност во поглед на слободата и мирот? ...

    Comments: 0   View more...