ВЕСНИКАР

МПЦ-ОА - Струмичка Епархија »

  • Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција

    Објава: 2023-07-03 14:48:16 by: Сард

    Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција (29.06.2023 18:07) Со благослов на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 29.6.2023 година, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, по завршувањето на Вечерната богослужба и на Молебниот канон кон Пресвета Богородица, се одржа сенароден собир против содржината на двата закона: за родова еднаквост и за матична евиденција. На овој масовен собир, народот едногласно и категорично се спротивстави на овие закони и на нивното имплементирање. Следствено, истиот помина во мирна и достоинствена атмосфера.   ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • АКО ОПСТОИМЕ ‒ ЌЕ ПОСТОИМЕ

    Објава: 2023-07-03 14:48:16 by: Сард

    СТЕФАН, Архиепископ Охридски и ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Божествена Литургија во Водоча

    Објава: 2023-07-03 14:48:16 by: Сард

    Божествена Литургија во Водоча (25.06.2023 17:54) Денес, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.                                        ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Божествена Литургија во Водоча

    Објава: 2023-07-03 14:48:16 by: Сард

    Божествена Литургија во Водоча (18.06.2023 20:06) Денес, во втората недела по Педесетница, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.                               ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Соопштение

    Објава: 2023-07-03 14:48:16 by: Сард

    Соопштение (20.06.2023 14:38) Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во пленарен (полн) состав, одржана на 20 јуни 2023 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што ги усвои годишните епархиски извештаи, како во Татковината, така и во дијаспората, и ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции при што се распиша и конкурс за уписи на студенти на Православниот богословски факултет и средното богословско училиште.             Светиот Синод на МПЦ – ОА, по канонскиот отпуст на архијереите г. Јован, г. Јоаким, г. Марко и г. Давид од Соборот на СПЦ ги прифати во своја канонска јурисдикција и им ги определи следните епархии и задолженија: – За Крушевско-демирхисарската епархија го назначи Митрополитот г. Јован, со титула Митрополит Крушевско-демирхисарски; – За Дељадровско-илинденската епархија го назначи Епископот г. Јоаким, со титула Епископ Дељадровско-илинденски; – За Делчевско-каменичката епархија го ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Божествена Литургија во Струмица

    Објава: 2023-07-03 14:48:16 by: Сард

    Во Неделата на сите ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Божествена Литургија во Водоча

    Објава: 2023-07-03 14:48:16 by: Сард

    На празникот на Слегувањето на Светиот Дух ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Божествена Литургија во Водоча

    Објава: 2023-05-28 19:24:28 by: Сард

    Божествена Литургија во Водоча (14.05.2023 08:34) Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча. На Литургијата чиноначалствуваше викарниот Епископ Стобиски Јаков, со благослов на Митрополитот Струмички Наум.                                                                                                                                                                  ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Божествена Литургија во Струмица

    Објава: 2023-05-28 19:24:28 by: Сард

    Божествена Литургија во Струмица (07.05.2023 08:08) Денес, во Неделата на раслабениот, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.       ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Сеноќно бдение во чест на свети великомаченик Георгиј Победоносец

    Објава: 2023-05-28 19:24:28 by: Сард

    Сеноќно бдение во чест на свети великомаченик Георгиј Победоносец (06.05.2023 08:05) Во чест на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи  сеноќно бдение со Света Божествена Литургија во манастирот посветен на свети Георгиј и свети Антониј Велики, во Ново Село. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.                                                         ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Родово изедначување или изобличување на личностите

    Објава: 2023-05-28 19:24:28 by: Сард

    Викарен Епископ Стобиски, г. ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Соопштение

    Објава: 2023-05-28 19:24:28 by: Сард

    Соопштение (05.05.2023 19:36) Ние, поглаварите на: МПЦ – ОА, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗ, поттикнати од најавата за донесување на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, изразуваме особена загриженост за иднината и безбедноста на верниците за кои имаме одговорност, а посебно за жените и децата. Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите – жените и децата! Впрочем, нашата најголема загриженост се однесува на намерата овој Закон да ги опфати и малолетните лица, односно децата. Промовирањето на различни родови идентитети и „флуидноста“ помеѓу нив, можат да предизвикаат непоправливи штети, особено кај тинејџерите, кои, вака упатувани и образувани, треба да минат низ процес на самоиспитување и испробување, несоодветен за нивната возраст. Притоа, Предлог-законот за родова еднаквост отвора можност за загрозување на родителските ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка во Струмица

    Објава: 2023-05-28 19:24:28 by: Сард

    Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка во Струмица (22.04.2023 18:18) Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, на 21 и 22 април 2023 година, се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка низ улиците на градот Струмица. Во петок, на 21 април, по Вечерната богослужба, којашто ја отслужи Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка беше пренесена од манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ до црквата „Свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј Мироточив“, во Струмица. Наредниот ден, сабота, 22 април, Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија пред црквата „Свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј Мироточив“, а потоа во присуство на многуброен верен народ, во свечена литија иконата беше пренесена до градскиот плоштад „Гоце Делчев“, каде што се отлужи доксологија и каде што Епископот г. Јаков одржа пригодна беседа. Потоа, иконата беше вратена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, во ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Во Господа се упокои ставрофорниот протојереј Јован Таковски

    Објава: 2023-04-22 17:35:58 by: Сард

    Во Господа се упокои ставрофорниот протојереј Јован Таковски (21.04.2023 20:17) На 19.4.2023 година, во Господа се упокои ставрофорниот протојереј Јован Таковски – најплодниот црковен деец и ерудит од поновата историја на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Со својот беспрекорен интелект, учителствување, беседништво и преведување на современ македонски јазик, отец Јован Таковски остави зад себе длабоки траги како за Македонската Црква, така и за Татковината. Опелото за упокоениот отец беше извршено на 21.4.2023 година во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел и Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и со Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски, г. Климент. На опелото присуствуваше семејството на покојникот, како и броен народ – почитувачи и духовни чеда на отец Јован. Нека Господ Бог го всели отец Јован во ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Светол вторник

    Објава: 2023-04-22 17:35:58 by: Сард

    Светол вторник (18.04.2023 12:49) Денес, на Светол Вторник, кога Црквата го празнува Воскресението Христово, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во храмот „Свети великомаченик Георгиј и свети Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.                                                                                ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Светол понеделник во Струмица

    Објава: 2023-04-22 17:35:58 by: Сард

    Светол понеделник во Струмица (17.04.2023 11:34) Денес, на Светол понеделник, кога Црквата го слави Воскресението Христово, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во храмот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.                                  ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Велигден во Струмица

    Објава: 2023-04-22 17:35:58 by: Сард

    Велигден во Струмица (16.04.2023 11:12) Воскресната служба во храмот „Светите Кирил и Методиј“, во Струмица, ја отслужи Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков. На велигденското празнување присуствуваа министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јована Тренчевска, градоналачникот на Струмица г. Костадин Костадинов, претставници на Општината и други јавни личности, како и многуброен верен народ. Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите живот им подари! Христос воскресна! Навистина Воскресна!                                                        ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Вечерна со Василиева Литургија во Ново Село

    Објава: 2023-04-22 17:35:58 by: Сард

    Вечерна со Василиева Литургија во Ново Село (15.04.2023 10:38) На Велика Сабота, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Вечерна со Василиева Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и свети Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.                                                                                                        ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Оплакување Христово

    Објава: 2023-04-22 17:35:58 by: Сард

    Оплакување Христово (15.04.2023 10:24) На Велика сабота, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и свети Антониј Велики“, во Ново Село, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Утрена богослужба, на која беа испеани статиите на оплакувањето Христово.                                            ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Вечерна богослужба со погребение Христово и полагање на светата Плаштаница во гробот

    Објава: 2023-04-22 17:35:58 by: Сард

    Вечерна богослужба со погребение Христово и полагање на светата Плаштаница во гробот (14.04.2023 11:37) На Велик петок, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и свети Антониј Велики“, во Ново Село, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Вечерна богослужба, на која беше симнато Телото на Господ Исус Христос од Крстот и беше изнесена светата Плаштаница и беше положена во гроб.                                                               ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Велик петок

    Објава: 2023-04-22 17:35:58 by: Сард

    Велик петок (13.04.2023 09:49) На Велик петок, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица, викарниот Епископ Јаков Стобиски отслужи служба на која беа прочитани Дванаесетте Евангелија, т.е. дванаесет извадоци за страдањата на нашиот Господ Исус Христос. После петтото Евангелие беше изнесен Крстот, на којшто се поклонија присутните верни.                                                                                                                                                            ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Велик четврток

    Објава: 2023-04-22 17:35:58 by: Сард

    Велик четврток (13.04.2023 09:20) Денес, на Велик четврток, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Вечерна со Василиева Литургија и чин на елеосвештение во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и свети Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.                                                                                                                                                            ...

    Мислења: 0   Види повеќе...