МПЦ-ОА - Дебарско Кичевска Епархија »

  • Posted 2023-07-03 14:48:23 by: Сард

    Почитувани верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, во прилог Ви го пренесуваме оригиналното Соопштение од светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија од редовната седница одржана на 20 јуни 2023 ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-07-03 14:48:23 by: Сард

    „Како доволно да го овенчам со пофалби божествениот Еразмо кој, исполнет со мудрост, не искусил осквернение. Но, бидејќи ја имам силата на зборовите, ќе речам: Колку што сонцето ја оживотворува вселената со светлите зраци, толку богоносецот ја просветли околината со безбројни чудотворства. Откако го заврши патот на своето мачеништво, наредува да викаме: Господи, слава Ти!“ (икос на Утрена на св. Еразмо Охридски). И оваа година свештенството и верниот народ од нашата Епархија торжествено го прославија споменот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец, кој засветли на нашите простори уште на почетокот на ширењето на христијанството, во време кога христијаните беа гонети заради името Христово. И иако се поминати речиси седумнаесет векови од неговата мисија и неговото преселување кај Бога, споменот на Божјиот светија ниту избледнал ниту, пак, ќе исчезне од срцата и душите на оние кои постојано го молат за неговото застапништво и чудотворство. Празнувањето на нашиот Охридски сакан богоносец започна на 14 јуни 2023 година, во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ в Охрид, ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-07-03 14:48:23 by: Сард

    Почитувани верни чеда на нашата Епархија, во прилог Ви испраќаме Соопштение по повод празникот на светиот Еразмо Охридски Чудотворец, а поради променетиот пристап до манастирот „Св. Еразмо ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-07-03 14:48:23 by: Сард

    „Мироносиците, кои стоеја пред гробот на Животодавецот, Господа бесмртниот Го бараа меѓу мртвите и, кога од ангелот ја примија радосната вест, на апостолите им јавија дека воскресна Христос Бог, Кој на светот му дарува милост голема“ (ипакој на Утрена во Неделата на сите светии).   На 11.06.2023 година, во Неделата по Педесетница, посветена на сите светии, во манастирот „Сите светии“ („Си свети“) во с. Лешани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Александар Димоски, еромонахот Вартоломеј, свештеникот Драган Шуминоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-07-03 14:48:23 by: Сард

    „Преку пророците ни го навести патот на спасението, а преку апостолите ни засветли благодатта на Твојот Дух, наш Спасителу, зашто Ти си Бог од вечноста, Ти остануваш тоа и потоа, и Ти си нашиот Бог во вековите“ (хвалитна стихира на утрена во Понеделник на Светиот Дух). На 05.06.2023 година, се наврши една година од радосниот момент кога нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија, по долги години борба за враќање на својата автокефалност, го прими Томосот за автокефалност од Српската правславна црква во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Белград, Србија. И ете, Господ повторно и секогаш промислува, токму оваа годишница да биде на денот кога го славиме Светиот Дух - Животворецот, Кој се движи и оживотворува, и Кој ја држи Црквата во единство, едномислие и еднодушност. Тоа едномислие и еднодушност силно одекнаа минатата година на овој ден, но и денеска, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, каде што сите архиереи, свештенослужителите од двете Цркви, и сиот верен народ, силно го почувствуваа тој Животворен Дух, Кој сите ги прави едно тело чија глава е Христос ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-05-28 19:24:43 by: Сард

    „Откако со Твојата смрт си ја умртвил смртта, Господи, си ги зел оние кои си ги возљубил, си се искачил на светата Маслинска Гора, и оттаму си отишол при Твојот Родител, Христе, носен од облакот“ (песна од канонот на Утрена на празникот Вознесение Христово - Спасовден).   На 25.05.2023 година, четириесет дена по славното Христово Воскресение, го прославивме празникот на Вознесението Христово - Спасовден на светата Маслинска Гора. По тој повод, во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Г. Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Кирил Јованоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Оливер Димитров, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-05-28 19:24:43 by: Сард

    „Почит да ѝ оддадеме на свештената двојка наши просветители, кои со преводот на Божествените Писма ни го дадоа изворот на Богопознание; црпејќи од него до денес неисцрпно, ве славиме вас, Кириле и Методие, кои стоите пред престолот на Севишниот и топло се молите за душите наши“ (кондак на Утрена на светите рамнапостолни Кирил и Методиј).   На 24.05.2023 година, денот кога ги прославуваме светите рамнапостолни браќа и сесловенски просветители Кирил и Методиј, во параклисот „Св. Кирил и Методиј“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-05-28 19:24:43 by: Сард

    „Твоите мошти, светителу Николае, излегоа како ѕвезда од исток до запад; морето се освети со твоето патување, и градот Бари прими благодат преку тебе, оти заради нас се јави како озвонреден, предивен и милостив чудотворец“ (кондак на Утрена на празникот Пренос на моштите на свети Николај Мирликиски Чудотворец).   На 22.05.2023 година, денот кога го празнуваме споменот на празникот Пренос на моштите на светиот Николај Мирлискиски Чудотворец, во храмот „Св. Никола“ во Долна Маала во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Сашо Ристески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-05-28 19:24:43 by: Сард

    „Премудри Атанасие, со твојот жезол си ги протерал духовните волци од Црквата Христова, и си ја заградил со тврдината на твоите зборови, и на Христа си Му ја претставил непоклатна и непоколеблива. Него моли Го, да се избавиме од неволји ние, коишто твојот сечесен спомен со вера го славиме“ (хвалитна стихира на Утрена на св. Атанасиј Велики).   На 15.05.2023 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот Атанасиј Велики, во ман. „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администартор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-05-28 19:24:43 by: Сард

    „Господи, Кој си живот и извор на бесмртноста, си седнал при изворот, Штедре, и со Твоите премудри води си ја исполнил Смарјанката која бараше од Тебе, и која Те воспеваше“ (песна од канонот на Утрена во Петтата недела по Пасха - на Самарјанката).   На 14.05.2023 година, во Петтата недела по Пасха - Неделата на Самарјанката и на празникот на св. пророк Еремија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевчо Тошевски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот „Св. Атанасиј Велики“ во с. Миокази, Кичево. Храмот е обновен во 1935 година, а во последниве години, по иницијатива на Црковниот одбор од селото и со донациите на месното население и на сите добронамерни верници, беше повторно реновиран и разубавен. По осветувањето, беше отслужена и света архиерејска Литургија, а на крајот, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа пред насобраниот верен народ, којашто ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-04-22 17:36:07 by: Сард

    „Со Отецот и Духот, да Го воспееме Христа Кој воскресна од мртвите, и кон Него да извикаме: Ти си нашиот живот и Воскресение! Помилуј нѐ!“ (хвалитна стихира на Утрена во Петок од Светлата седмица).   На 21.04.2023 година, во Петокот од Светлата седмица, Источен петок - Балаклија, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Кирил Јованоски, свештениците Димче Азески, Љупчо Бакрачески и Васил Михајлоски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон многубројниот верен народ, којашто интегрално ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-04-22 17:36:07 by: Сард

    „Радувајте се, луѓе, и веселете се! Ангелот што седеше на гробниот камен, тој ни благовести велејќи: Христос - Спасителот на светот - воскресна од мртвите, и со благопријатна миризба ја исполни вселената. Радувајте се, луѓе, и веселете се!“ (воскресна стихира на утрена на Втор ден Велигден).   На 17.04.2023 година, на вториот ден од славното Христово Воскресение, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Александар Димоски, протоерејот Васко Голабоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна пасхална беседа, којашто ви ја пренесуваме во ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-04-22 17:36:07 by: Сард

    „Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, заѓто Он е Избавителот и Спасител на душите наши, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во светата и велика Недела на Пасха).   На 16.04.2023 година, на најторжествениот празник над празниците, Пресветлото Воскресение Христово, во поладневните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба со читање на Евангелието според Јован на повеќе јазици, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо богданоски, Димче Ѓорѓиески и Александар Димоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. На крајот, нашиот Владика и духовен татко Митрополитот Тимотеј, заедно со свештенството, им го честиташе на сите овој спасоносен ден на ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-04-22 17:36:07 by: Сард

    „Богоотецот Давид играшепред ковчегот на заветот, а ние, светите Божји луѓе, гледајќи го исполнувањето на тие предобрази, да се веселиме божествено, зашто Христос Воскресна, како сесилен“ (песна од канонот на Утрена на Воскресение Христово).    На 16.04.2023 година, на денот на славното Воскресение Христово, денот кога нашиот Спасител, Господ Исус Христос, го победи човековиот најголем непријател - смртта, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше торжествено дочекан овој момент на спасението на човековиот род. Веста за Воскресението Христово, точно на полноќ, ја објави нашиот духовен водач и молител пред Бога, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Кирил Јованоски, еромонахот Никодим Паскали и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Потоа беше отслужена и света архиерејска Литургија, а беше и прочитано Велигденското шпослание, испратено до сиот верен народ, од Неговото Блаженство ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-04-22 17:36:07 by: Сард

    „Адот е ранет во срцето, кога Го прими ранетиот со копје во ребрата, и воздивнува согоруван од божествениот оган, за спасение на нас кои пееме: Избавителу, Боже, благословен си“ (песна од канонот на Утрена на Велика сабота).   На 14.04.2023 година, на Велики петок - вечер, кога го прославуваме светиот настан на Погребението Христово, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ беше отслужена Утрена богослужба на која со жални песни погребални беше воспеано Опелото Христово. На Утрената богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештеникот Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-02-24 19:38:23 by: Сард

    „Страдалнику Харалампие, ти се покажа како столб на Црквата, неизгаслив светилник на вселената и, откако болсна посветло од сонцето, ја прогонуваш идолската темнина; славен маченику, моли Го Христа Бога, да ни дарува милост голема“ (седален на Утрена на празникот на светиот маченик Харалампиј).   На 23.02.2023 година, на празникот на светиот маченик Харалампиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отлсужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Драган Шуминоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, според востановениот обичај беше осветен медот, а потоа Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-02-24 19:38:23 by: Сард

    „Богомудар свети Партение, чудотворче Богоносецу, ти си ја примил Божествената благодат да правиш чудеса, очистувајќи ги сите страсти на верните, и изгонувајќи ги духовите на лукавството. Поради тоа те воспеваме, како тајник на големата благодат Божја“ (кондак на Утрена на споменот на св. Партениј Лампсакиски).   На 20.02.2023 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот Партениј Лампсакиски, како и по повод именденот на игуменот на манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски манастир, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, во Бигорскиот манастир беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, од Цариградската патријаршија, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритите Доситеј, Матеј и Херувим (двајцата од Грчката православна црква), еромонасите Макариј, Ефросиниј и ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-02-24 19:38:23 by: Сард

    Почитувани верници, во прилог Ви ја пренесуваме беседата од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изговорена на Вечерната богослужба во капелата во Митрополитската резиденција во Охрид, а по повод празникот Сретение ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-02-24 19:38:23 by: Сард

    Возљубени браќа и сестри,  Во прилог Ви го испраќаме апелот за помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес што ги зафати регионите на Сирија и Турција. Следејќи ги заповедите на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, дека треба да го љубиме нашиот ближен како себеси и да бидеме милосрдни како нашиот Отец небесен, Ве повикуваме сите ние да им излеземе во пресрет, според нашите можности, на нашите браќа и сестри во Сирија и Турција, кои се наоѓаат во тешки страдања во овие ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-02-24 19:38:23 by: Сард

    „Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно, на зло го потрошив богатството што ми го предаде. Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешив пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и, како еден од Твоите наемници, направи ме“ (кондак на Утрена во Неделата на блудниот син).   На 12.02.2023 година, во Неделата на блудниот син и на празникот на светите Три Светители: св. Григориј Богослов, св. Василиј Велики и св. Јован Златоуст, во храмот „Св. Никола“ во Враништа, Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Ристе Наумоски и Димитрија Павлески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-01-20 08:49:36 by: Сард

    „Оној што е невидлив по природа, денес е видлив во тело: Несоздаденото Слово сега раѓано од Чиста Дева се создава. Затоа, заради нас луѓето, како осмодневен младенец според законот се обрежува. Нему, како наш Спасител, да Му се поклониме“ (седален на утрена на Обрезание по тело на Господ Исус Христос).   На 14.01.2023 година, денот кога го празнуваме Обрезанието по тело на нашиот Спасител Господ Исус Христос, како и споменот на светиот Василиј Велики, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Молебен за Новата Година, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-01-20 08:49:36 by: Сард

    „Ти си Го видел Пребеспочетното Слово како стои од десната страна на Отецот, и лицето си го исполнил со неискажлива светлина, похвало на апостолите и славо на маченивите; со венец си се украсил со каменувањето и си го примил божествениот крај“ (светилен на Утрена на св. апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан).   На 09.01.2023 година, денот кога го славиме споменот на светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот „Св. Никола“ во Вевчани, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игуменот Наум, протоереј-ставрофорите Ристе Ристевски и Игор Никовски, протоереите Митре Попоски и Кирил Јованоски, свештениците Зоран Попоски, Ристе Наумоски, Горан Ставрески, Димитрија Павлески и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Повод за овој собир во Вевчани беше и Јубилејот на свештеникот Зоран Попоски, кој 40 години им служи на нашата света Црква и на ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-01-20 08:49:36 by: Сард

    „Оној што пред ѕвездата Деница се роди од Отецот без мајка, денес на земјата се воплоти од тебе без татко. Затоа ѕвездата им благовести на Мудреците, а ангелите со пастирите го воспеваат твоето неискажливо раѓање, Благодатна“ (кондак на Утрена на празникот Собор на Пресвета Богородоица).   На 08.01.2023 година, во Неделата по Рождество Христово и на празникот Собор на Пресвета Богородица, во храмот „Пресвета Богородица - Челница“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-01-20 08:49:36 by: Сард

    Божик е радост за целата земја, за сиот свет и сите луѓе, но најискрената радост може да се види кај најмладите, кои со нетрпение го очекуваат овој радосен ден. Како и секоја година, и оваа најмладите дечиња беа израдувани со пригодни Божикни пакетчиња, дарувани од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошкос-трушки и дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а овие млади и чисти души искрено му возвратија на дедо Владика на Божикниот поздрав: Христос се ...

    Comments: 0   View more...

  • Posted 2023-01-20 08:49:36 by: Сард

    „Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева; денес Беспочетниот влегува во времето, и Словото се воплотува: силите небесни се радуваат, и земјата со луѓето се весели; Мудреците Му принесуваат дарови на Господа, а пастирите Му се восхитуваат на Родениот, а ние непрестајно викаме: Слава на Бога во висините и на земјата мира, меѓу луѓето добра волја“ (хвалитна стихира на Утрена на празникот Рождество Христово).   На 07.01.2023 година, денот кога сите Божји созданија се радуваат, на денот кога дојде спасението за светот - воплотувањето и доаѓањето на земјата на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во храмот „св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, свештеникот Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано Божикното ...

    Comments: 0   View more...