ВИДЕОТЕКА

Оддели - Видеозбирка

За победата над злото, гревот и смртта, за сето она што Христос го направи за нас
0
0 favorites
1,516 views
0 likes
0 comments
„А кога - на крстот - Исус вкуси оцет, рече: Се сврши!"(Јован. 19, 30)

Ова се последните зборови на Месијата, на нашиот Спасител, искажани на крстот. Кое е нивното значење за нас, целото човештво? Со нив Тој потврди дека на крстот, односно, преку Неговата искупителна (откупителна/ оправдувачка), помирителна љубовна крсна жртва се изврши Искупувањето, Спасението и Ослободувањето на целото човештво - од Адам и Ева до последниот роден од мајка - од ропството на:
1.злото, гревот, ѓаволот ( отпаднатиот херувим - сатана),
2. духовната и телесната смрт,
3. од себенепознавањето, од Богонепознавањето,
4. од живот во отпадништво од Творецот и од Неговото Царство (од совршената состојба на постоење промислена, создадена и благословена од нашиот Творец).

За оваа вистина, св. апостол Петар, ни сведочи со следните зборови:
"... Христос (Месијата), за да не приведе кон Бога - еднаш пострада за гревовите наши - праведник за неправедните. . . (1. Петар. 3, 18 )".
А, св. апостол Павле, во своето послание до Црквата во Ефес пишува:
„... зашто по милост (благодат) сте СПАСЕНИ преку верата; и тоа не е од вас - БОЖЈИ ДАР Е... (Ефес. 2, 8)