ВИДЕОТЕКА

Оддели - Видеозбирка

За тоа Кој е навистина Исус Христос и за смислата на христијанството
0
0 favorites
1,365 views
0 likes
0 comments
„Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото.
И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки, та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен.

Зашто Бог (нашиот Небесен Отец) толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син (своето совечно Слово/ Логос/ Син Единороден), та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.

Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него - нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји.

А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави. А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.

(зборови на Месијата запишани во Евангелието според апостол Јован. 3, 13 - 21)