ВИДЕОТЕКА

Оддели - Видеозбирка

Експериментот со двојниот процеп (Double-slit experiment)
0
Category:
Posted by Сард  .  July 23, 2016
0 favorites
1,596 views
0 likes
0 comments
Експериментот со двојниот отвор (Double-slit experiment) е од голем интерес и за философијата, бидејќи тој ги поттикнува философите да ги превреднуваат нивните идеи за такви основни поими како „честици, „бранови, „место, „движење од едно место на друго и сл.

Спротивно на начинот на концептуалзирање на макроскопскиот свет од секојдневното искуство, обидот да се опише движењето на поединечниот фотон е проблематичен. Како што забележува Филип Франк, истражувањето на движењето на поединечните честици низ еден отвор може да се добие преку опис на образецот од ударите на фотон врз целна подлога. Напротив, „моделот на трагата од двата отвора не се совпаѓа со двете траги од еден отвор. Значи, нема закон за движењето, кој би ја определил траекторијата на еден фотон и би ни дозволил да го изведеме потеклото на набљудуваните факти, кои настануваат кога фотоните преминуваат низ два отвора. Искуството од микросветот на под-атомните честици нè поттикнува да реконцептуализираме некои од нашите општоприфатени идеи.

Една од најзабележителните последици од новата наука е, дека не е во согласност со верувањето на Лаплас, сопред кој, едно сезнајно битие што ги знае првичните позиции и брзините на сите честици во вселената во еден момент, би можело да ги предскаже нивните позиции во секое идно време. (Да го парафразираме Лаплас; позициите и брзините на сите нешта во секој даден момент абсолутно зависат од своите претходни позиции и брзини и од абсолутните закони кои ги регулираат физичките взаемодејства/interactions.) Лаплас верувал, дека тие честици ќе ги следат законите на движењето, кои ги открил Њутн, но физиката во дваесетиот век, разјасни, дека движењата на под-атомните честици не може да се прогнозира со користење на законите на њутновата физика.