Оддели - Видеозбирка

трета емисија од Потрага по Вредностите Семејството како вредност
0
Оддел:
Поставено од Сард  .  20 јули 2016
0 издвоени
1.429 прегледи
0 допаѓања
0 мислења
БРАКОТ И СЕМЕЈСТВОТО -- УЧИЛИШТЕ ЗА ЉУБОВ И ЖИВОТ


И Бог го создаде човекот според образот свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. (1. Мојсеј.1, 26 - 28)


Семејството е единственото нешто што ни остана во овој наш отпаднат свет, од благословениот од Творецот начин на постоење во рајската градина.

Семејството, од самиот момент на отпаѓањето на човештвото од нашиот Творец и од Неговото Царство преку прародителите Адам и Ева, па низ сите векови на огревовената историја, ни ја сведочеше, не поучуваше и не воведуваше во врвната смисла, сила и мотив на постоењето - ЉУБОВТА.

Во својата книга "Уметноста на љубовта" Ерих Фром ќе напише:
"Љубовта е активна сила на човекот, сила што ги пробива ѕидовите кои го раздвојуваат човекот од неговите ближни, која го соединува со другите."

Затоа, низ сите векови и за сите народи семејството постанало и останало Училиште за Љубов и Живот. Односно, чудесна заедница во која љубовта се прима, дава, за неа и од се учи, во неа се расте, усовршува и уподобува на Оној Кој е Извор на љубовта, затоа што самиот е Љубов.

Како што многу тајни растајнуваме со учење, така и за љубовта, животот, бракот и семејството - како врвни тајни и вистини - треба да учиме.