ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Литургиско чествување на годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

На 4.6.2023 година, на празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух врз апостолите, во попладневните часови, во ставропигијалниот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ – Калишта, Струшко, пристигна делегација од СПЦ, предводена од Неговата Светост Архиепископ Пеќски, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. Порфириј, а со цел – литургиско чествување на годишнината од доделувањето на Томосот […]

На 4.6.2023 година, на празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух врз апостолите, во попладневните часови, во ставропигијалниот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ – Калишта, Струшко, пристигна делегација од СПЦ, предводена од Неговата Светост Архиепископ Пеќски, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. Порфириј, а со цел – литургиско чествување на годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Соборот на Српската Православна Црква.

Ова значајно собитие – и за двете Помесни Православни Цркви – беше литургиски одбележано на 5.6.2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид. На Светата Литургија чиноначалствуваше Неговата Светост, Архиепископ Пеќски, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. Порфириј, а во сослужение со: Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан; со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Преспанско-пелагониски г. Петар, Брегалнички г. Иларион и Кумановско-осоговски г. Григориј; и со Нивните Преосвештенства, Епископите: Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Нишки г. Арсениј, Марчански г. Сава и Топлички г. Петар.

На Литургијата сослужуваа и свештенослужители од двете сестрински Цркви, а активно учество зеде и броен народ, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови.

На крајот, пак, од евхаристиското собрание, Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, го одликуваше Неговата Светост Архиепископ Пеќски, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. Порфириј со Светиклиментов орден од I ред за неговите посебни заслуги и за покажаната братска љубов кон Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и кон нејзиниот богољубив и црквољубив народ.

 

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: